Витаминка го зголемува производството на "Стоби" брендот

Bez autora
Dec 07 2011

Витаминка ја развива производната линија со воведување линија снекови како надополнување на линијата солени производи, во кои влегуваат "Стоби флипс". Брендот Стоби е еден од ретките кои со предзнакот македонски, е извезуван и баран на сите континенти и во 25 земји. Тоа е податок што не мотивира да вложуваме во овој бренд, да сме иновативни и да го развиваме. Пласирањето на трите нови производи значи, не само зголемување на палетата на Витаминка, туку и потврда на квалитет препознаен од многу генерации. Трите нови Стоби производи се со различни форми и различни вкусови, соодветно на широк опсег на потрошувачи. Стоби рингс" во форма на прстени се со вкус на кромид и павлака, Стоби стикс" се стапчиња со вкус на хотдог и со вкус на кечап. Стоби е бренд кој постои и континуирано се произведува уште од 1978 година. Досега од солениот асортиман, покрај основниот вкус Стоби флипс", има развиено уште и Стоби флипс со вкус на сирење и пица, а од благиот Чоко Стоби", и сега дополнително се зголемува со новите три вкуса.

Витаминка го зголемува производството на "Стоби" брендотВитаминка ја развива производната линија со воведување линија снекови како надополнување на линијата солени производи, во кои влегуваат "Стоби флипс".

-Брендот Стоби е еден од ретките кои со предзнакот македонски, е извезуван и баран на сите континенти и во 25 земји. Тоа е податок што не мотивира да вложуваме во овој бренд, да сме иновативни и да го развиваме. Пласирањето на трите нови производи значи, не само зголемување на палетата на Витаминка, туку и потврда на квалитет препознаен од многу генерации - изјави Влатко Трпаноски, комерцијален директор во Витаминка.

Трите нови Стоби производи се со различни форми и различни вкусови, соодветно на широк опсег на потрошувачи. Стоби рингс" во форма на прстени се со вкус на кромид и павлака, Стоби стикс" се стапчиња со вкус на хотдог и со вкус на кечап.

Стоби е бренд кој постои и континуирано се произведува уште од 1978 година. Досега од солениот асортиман, покрај основниот вкус Стоби флипс", има развиено уште и Стоби флипс со вкус на сирење и пица, а од благиот Чоко Стоби", и сега дополнително се зголемува со новите три вкуса.

Витаминка е фабрика број 1 во Македонија во производство на кондиторски производи, а со новата производна линија го зазема првото место во производство на флипс и снакс. Од компанијата најавуваат дека наскоро Стоби линијата ќе се зголеми со други вкусови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik